Една рака, по неа друга. Зборови за утеха и украдена насмевка.
Ја нема.
Ја нема.
Исчезна.
Ја префрли кај мене,
ми ја предаде болката,
убиваш со зборови, ПРИЈАТЕЛЕ!!!
Една рака, по неа друга. Зборови за утеха и украдена насмевка.
Ја нема.
Ја нема.
Исчезна.
Ја префрли кај мене,
ми ја предаде болката,
убиваш со зборови, ПРИЈАТЕЛЕ!!!
Нема денес исповеди за овој ден, зашто одамна е раскажано и прераскажано што ми значиш мене ти, драго блогче.
Нека ни` се множат годините и да созреваме заедно

Излишна е ноќва, излишни се и излишните статуси кои зборуваат за излишноста, излишен е и постов. Ама досадно ми е.
For my special one
Колку невино изгледа сликата.
Се докажува дека сите ние длабоко во себе сме кршливи, чувствителни и дека сепак знаеме да бидеме човечни.
Навидум толку силна, самоуверена, среќна и безгрижна, а само мало попречување пред тебе и веќе си на земја, кршлива како чаша, како и јас, како и многумина од нас.
Те издадоа солзите, ти знаеш да бидеш човек. Иако предоцна, мораше да се случи ова, да солзите ги измијат замаглените стакла пред нашите очи и да не` удри блескавиот сјај.
Зборувајќи за твојата нечовечност, ја заборавивме и онака нашата скромна човечност.
Иако не можам да ти го кажам ова пред очи зашто така би се повредиле многумина… прости ми… за подобро утре имам простор, ќе го искористам, за тебе, за мене, за моите сакани.
Не, не пишувам за онаа на народите:P
Пишувам за оваа нашава, од каприц.
Илјада лаги, а потоа каење.
Ти вака, ти онака, ти не знаеш, а мене се` ми смета.
Кога едно нешто ќе тргне наопаку ни` се чини дека се` оди во тој правец. Така и сега. Кога едно нешто ќе почне „да ни` ги боди очите“, тогаш излегуваат уште многу такви работи… и обратно.
Туѓите солзи знаат да заболат, знаат да го променат мислењето…
Дај застани за миг и погледни назад, на се`… Да не беше можеби тоа јас се` уште ќе бев во оваа соба, каде што сега го поминувам претпоследниот ден од мојот живот, толку пусто без сите оние работи кои ме карактеризираат.
Насмеј се и продолжи напред, мото кое го изрекуваат навидум силните и оптимистични луѓе. Епа нека е така, нека е убаво во новото место. Семестаров завршува и редно е за нов почеток, некаде подалеку, во она што отсекогаш го посакувавме.
Сакам приватност, без да ми влијаеш ти. Сакам да бидам сама кога ќе сакам и сакам да бидам јас.
Сакам интернет во новото место, а по малку сакам и телевизор, зашто и јас имам скриени страсти кон главниот лик од „Љубов и казна“!
Епа така, уште еден колоквиум ќе измине на ден пред новата година. Потоа неколку вечери ќе биде заборавен факултетов. Излишното славење на новата година овој пат ќе биде со друштво, во блиското гратче до моето роднои сакано место.

А мене пак најмногу ќе ми фали околинава, искреност си е искреност.
Е така е, кога секогаш (тука е неопходен bold и underline) чекам четири минути до дванаесет… сега ќе се молам да помине вторник во што најдобар ред
Религиозни сме пред испит, нели?
Bozhe daj da budem jak, da mi prodje utorak…
Мораш да бидеш силна, вели гласот одвнатре.
Боже, па нели сум доволно? Зошто ми го одземаш и тој миг среќа ? Зошто повторно на плаќите ми задаваш товар? Зошто мора дупло да платам за реткиот момент на среќа?
Така е ли секогаш?
Со мала искра живот во мене се обидувам да го преживеам денот, со страв, со несигурност, до каде? До кога?
Која да бидам јас после сите овие удари што ми ги задаваш?
Како ли да се борам со светот?
Зошто направи да исчезнам токму кога почнав да живеам?
Чуваш ли нешто за мене, трошка надеж и среќа?
Подари ми ги, бар да можам да ја нахранам и онаа искра живот која се` уште тлее во мене … за да не умре, па да се престорам во камен.. изеден од тешкотијата на времето
Илјада новости, а јас жалам што никаде не ги запишувам.
Толку нешта и промени ми се случија што дури и јас не знам што да изберам.
Ова е само мало прошарување низ блогов, зашто низ глава ми поминаа чувства оставени овде пред некоја година ![]()
…………………
Досаден и долг пат до факултет, но последен ден од неделава, да одам и да го видам денов, а толку сум моментално мрзелива.
П.с Еден пост никако да заврши, ќе ме има.. деновиве…
Пред некоја година еден блогер имаше коментирано на еден пост дека овде сум само кога сум тажна. Ете, сега работите се променија… Деновите што изминаа (изминаа!!!) имав прилично лош период, а баш колоквиумска недела… Тажно
Немав ниту желба, ниту сила да споделувам овде. Помина. Се надевам. Здравје.
Ноќва ми беше убава, иако со сметководството и илјадниците конта пред мене … -убаво помина, интересно, задоволна од себе… задоволна што успеав бар за миг најважните личности во мојот живот да ги направам среќни.
По колоквиумот кој ќе ми започне за 2 и пол часа ќе се наспијам толку убаво… се` додека не дојде време да го фатам возот за југ ![]()
Ете така, секој ја знае својата вредност и јас ја знам својата. А грешната слика во туѓите очи ме мачи… понекогаш, ама денес – дефинитивно НЕ!
Имајте убаво утро, убав викенд. А песнава… ја обожавам, зашто ме потсеќа на една од личностите од кои зависи мојата среќа, мојот живот.
Daddy, u know I love u
Среќна сум, народе!
Утре пак ќе ме нема ваква, исполнета, задоволна и пресреќна. Знам.
И колку и да споделувам утре – тоа не ќе да е среќата. Тоа ќе е сеќавањето.
Сега сум среќна.
Во моментот НАЈсреќна.
Последни коментари